Достапни линкови

Преиспитување на уставноста во измените на Законот за високо образование


По усвојувањето на Законот за основање трет државен универзитет, ВМРО-ДПМНЕ со своја иницијатива до уставниот суд за преиспитување на уставноста на Законот за високо образование во која е поставена основата за формирање на нов универзитет. Во партијата сметаат дека промените во Законот за високо образование, не се во согласност со уставните амандмани, туку се направени само за да се создаде основа за вчера усвоениот закон за основање нов државен универзитет, со кој пак се легализира Тетовскиот универзитет. Ѓорѓи Оровчанец објаснува со кој член од Законот за високо образование се однесува нивната иницијатива:

„Се работи за промена на членот 98 од Законот за високо образование, којшто не е во согласност со амандманот осум од Уставот на Република Македонија, односно она што е во Рамковниот договор и уставните промени, ова не е кореспондира. Тоа е направено едноставно само за легализација на Тетовскиот универзитет. Во Рамковниот договор, постои договор за финансирање на проекти, коишто владата треба да ги финансира, преку одредени институции, дали Штулов, катедра за албански јазик, дали ќе биде педагошка академија, трет проект некој, меѓутоа владат треба тоа да го цени и верификува врз база на некоја анализа на министерството. Ова е направено директно за формирање на овој универзитет.“

По усвојувањето на Законот за основање на нов државен универзитет ВМРО-ДПМНЕ со барање и до претседателот Борис Трајковски да н го потпишува указот за прогласување на Законот, бидејќи во партијата сметаат дека нема потреба да посоти закон со кој ќе се легализира Тетовскиот универзитет. Од кабинетот на претседателот Трајковски информираат дека тој со експерти од повеќе области ќе го разгледа усвоениот закон и дополнително ќе одлучи дали ќе го потпише указот. Во владеачката СДСМ се категорични дека е неопходно постоењето на овој закон и дека со него се затвора прашањето за високо образование на Албанците:

„Конечно се затвора едно крупно прашање во Република Македонија во врска со високото образование и сметаме дека во Република Македонија има потреба од образовани луѓе и на никој не може да му штети образован млад човек и ние треба да говориме постојано за стандарди на образование и како да ги подигнуваме тие стандарди на образование.“
XS
SM
MD
LG