Достапни линкови

logo-print

Хавана: Посета на Вселенскиот патријарх Вартоломеј Први


Васеленскиот патријарх Вартоломеј Први денеска пристигна во Хавана со што ја започна петдневната посета на Куба. Поглаварот на православните во светот, на хаванскиот аердором беше пречекан од претседателот Фидел Кастро. Вартоломеј Први се очекува в недела да ја освети православната црква во Хавана, изградена од кубанската влада како подорак на православните христијани во таа земја. На Куба живеат неколку илјади православни верници, повеќето имигранти од Русија, Украина, Бугарија и Грција. Овој престој на Вартоломеј Први на Куба претставува прва посета на еден православен патријарх на една земја во Латинска Америка каде што доминира католицизмот.
XS
SM
MD
LG