Достапни линкови

Пауел верува дека Северна Кореа ќе се откаже од нуклеарната програма


Американскиот државен секретар Колин Пауел изрази верување дека Северна Кореа ќе се откаже од нејзината програма за нуклерано оружје. Според Пауел, Соединетите Држави сакаат денуклеаризација на Корејскиот полуостров и оти за таа цел ќе работат со севернокорејските соседи и Русија. Претходно американскиот тим научници кој беше во Северна Кореа соопшти дека не нашле докази дека таа земја може да произведе атомска бомба.
XS
SM
MD
LG