Достапни линкови

Доларот повторно паѓа во однос на еврото


Зголемувањето на вредноста на доларот дојде откако министерството за финансии на Европската Унија изрази загриженост од движењата на курсните разлики во последно време.

„Не сме рамнодушни, туку загрижени од претераните движења на курсот.“

Изјави Отмар Исинг, економист во Европската Централна Банка кој сепак не најави дека Банката активно ќе интервенира на пазарот за да ја намали вредноста на доларот што им задава текотии на напорите за задравување на економиите во евро зоната. Неговата забелешка само ја отвори можноста за идна интревенција, како на пример продавање на извесна сума евра и купување долари, и претставуваше прв обид на Европската Унија да ја намали вредноста на еврото спрема доларот во изминативе две години. До оваа недела Унијата во секој документ нагласуваше дека нејзина желба е да има силно евро. Неделава зборот силно отсуствуваше, бидејќи очигледно тој поврзан со еврото ги намалува шансите за заздравување на европската економија. Имено, силното евро ја зголемува цената на европските производи што ги прави неконкуретни за извоз. Силното евро, според експертите, ги охрабрува европејците да купуваат стоки и имоти во странство, што придонесува за намалување на потрошувачката во нивните земји.

„Министерите за финансии на еврозоната природно сакаат да видат пораст. Мислам дека тие се загрижени поради тоа што порастот не може да се случи без подобрување на трговската слика. Очигледно, силното евро претставува тешкотија за извозот, но и погодност на другите земји да извезуваат во еврозоната.“

Вели Стив Бероу, аналитичар од Лондон, кој од друга страна е скептичен дека може до дојде до подолгорочен порст на вредноста на доларот. Според него проблемите со кои се соочува доларот се реални и нема бргу да исчезнат.

„Најголемиот проблем е што Соединетите Држави имаат многу голем трговски дефицит, скоро петстотини милијарди долари годишно. Мислам дека американската администрација сфаќа дека единствен начин за да го елимира овој дефецит е да ја намалува вредноста на доларот.“

Соединетите Држави досега, како што изгледа, не се многу загрижени од паѓањето на доларот. Дури напротив, официјален Вашингтон често го повторува ставот дека само пазарот, а не владата, би требало да ја одредува вредноста на валутите. Ваквиот став за трговците претставува јасен сигнал дека американската админстрација нема желба да интревенира за да ја поддржи сопствената валута поради што и доаѓа до постојано паѓање на нејзината вредност. Според експертите, ниту пак активната интревенција на Европската Унија за запирање на порастот на еврото, нема да биде успешна, доколку таа не биде договорена со американската Централна банка.
XS
SM
MD
LG