Достапни линкови

logo-print

Отфрлени критиките против војната во Ирак


Американскиот претседател Џорџ Буш во годишното обраќање до нацијата ги отфрли критиките против војната во Ирак. Благодарение на американската решеност, светот се промени на подобро, оцени Буш во говорот за кој се смета дека е почеток на неговата кампања за уште еден мандат во Белата Куќа. Сепак, тој и со предупредување дека Соединетите Држави и натаму се соочени со терористички закани.

Отфрлајќи ги критиките против ирачката војна, претседателот Џорџ Буш изјави дека соборувањето на режимот на Садам Хусеин беше исправен потег и оти на Америка не и треба дозвола од меѓународната заедница за да се брани.

„Да не дејствувавме, диктаторските програми за развивање оружје за масовно уништување ќе продолжеја до денеска. Да не дејствуваме, резолуциите на Советот за безбедност за Ирак ќе беа само празни закани. За сите што ги сакаат слободата и мирот, светот без режимот на Садам Хусеин е подобро и побезбедно место.“

Оцени Буш во годишниот говор во Конгресот, во кој сепак не спомна дека сојузниците, предводени од американските сили се уште не успеале во Ирак да пронајдат хемиско или биолошко оружје. Претседателот Буш изјави дека изградбата на Ирак е тешка, но оправдана работа што треба да ја преземат Соединетите Држави. Според Буш, војната во Ирак била факторот Либија да донесе одлука да се откаже од нејзините напори да развие оружје за масовно уништување

„Девет месеци на интензивни преговори во кои беа вклучени Велика Британија и Соединетите Држави со Либија, успеаја, додека дванаесет години на дипломатија со Ирак, не. Причината е јасна. За да биде дипломатијата ефективна, зборовите мора да вредат. И сега никој не може да се сомнева во зборот на Америка.“

Буш додаде дека Соединетите Држави и меѓународната заедница ги продолжуваат притисоците врз Иран и Северна Кореа да не развиваат нуклерано оружје. Во годишното обраќање до нацијата, претседателот Буш повтори дека Соединетите Држави и натаму се соочени со терористички закани.

„Дваесет и осум месеци минаа од единаесети септември две илјади и првата година, повеќе од две години без напади на американско тло, и привлечна е помислата дека опасноста е зад нас. Таа надеж е разбирлива, смирувачка и лажна.“

Изјави Буш додавајќи

„Терористите го продолжуваат заговорот против Америка и против цивилизираниот свет. Со нашата волја и храброст, оваа опасност ќе биде победена.“

И покрај тоа што често беше прекинуван со аплаузи, говорот на Буш подоцна беше нападнат од демократите кои оценија дека неговата агресивна надворешна политика претставува радикално отстапување од американската традиција.

„Претседателот не одведе во ирачката војна врз основа на недокажани тврдења. Тој ја прифати радикалната доктрина на предупредувачка војна што е без преседан во нашата историја. Тој не успеа да изгради вистинска меѓународна коалиција. Затоа американските даночни обврзнаци се оптоварени со колосални сто и дваесет милијади долари.“

Оцени Ненси Пелоси, лидер на демократите во Претставничкиот дом. Соочен со најновите анкети кои покажуваат дека слаба точка на неговата програма се домашните теми, претседателот Буш, во обраќањето во Конгресот, ја бранеше политиката на намалување на даноците и се заложи со прекфалификација на работниците со цел да се намали невработеноста во земјата. Но, демократите исто така ја критикуваа неговата економска политика, оценувајќи дека намалувањето на даноците им помогна на богатите, а ги погоди сиромашните и оние од средната класа.
XS
SM
MD
LG