Достапни линкови

Дебата за тоа колку владите треба да се вмешани во заштитата на Интернетот


Пред 4 години компјутерските хакери ги оштетија накратко најпрометните американски веб страни Јаху.ком и Си Ен Ен.ком. Вирусите ја подигнаа свеста на законодавците за ранливоста на интернетот и прашање е на време за донесување закони за заштита. Дебатите во меѓувреме се водат на тема дали и во кој степен треба да бидат вмешани владите во заштитата на интернетот.

Како џунглата, велат интернетот е див и слободен и последователно и опасен. Имено посетителите на светските веб страници се преплавени од порнографски понуди и реклами. Уште полошо, ако купувате со кредитна картичка преку интернет, некој може да ви ја искористи за истата намена. Натаму, ако предмет на напад на висрусите е банка, тогаш немате пристап до вашата сметка, ако е нападната полицијата пак оштетени ке бидат комуникациите. Ваквите сценарија се неприфатливи за општествата, според Ленс Уланоф извршен директор на технолошката публикација ПС МАГ.КОМ. Тој смета дека владите треба да бараат сите корисници да си ги заштитат своите компјутери од вируси со цел мрежата да биде заштитена.

„Заштитата на вашиот персонален компјутер станува национално безбедносно прашање и тоа не е далечна иднина. Мислам дека треба да биде донесен закон за заштита од вирусите и безбедноста на софтверот, бидејки сите сме меѓународно поврзани, а еден компјутер може да ја оштети целата инфраструктура.“

Директорот на Центарот за Приватност и Технологија на Отворениот Конгрес Стив Лилиентал пак смета дека владите треба да останат настрана од поставувањетио на стандардите затоа што тоа би му пречело на креативниот процес.

„Според мене, тоа наликува на отворена врата за преставниците на безбедносните оргабни да влезат кај вас дома и да видат што има на вашиот компјутер.“

Од друга страна Питер Свајер кој работел на развојот на политиката на приватност на интернетот во администрацијата на поранешниот претседател Бил Клинтон вели дека чувствува оти нешто треба да се направи. Тој смета дека треба да се креира некаква владина регулаторна агенција која ке поставува правила кои брзо би можеле да се применуваат иако и тоа вели може да стави повеќе акцент врз безбедноста отколку врз позитивните аспекти на интернетот.

„Тоа може да помогне во севкупната компјутерска безбедност но може и да ја стави безбедноста во прв план, пред начините на кои го користиме интернетот.“

Анти вирусните програми кои се користат чинат околу 50 долари, а додатната заштита против новите вируси би можела, според експертите да чини плус 30 долари годишно.
XS
SM
MD
LG