Достапни линкови

logo-print

Измени во Законот за судски такси


Со цел судските спорови да добиваат завршница во пократок рок, од една страна, а граѓаните од друга страна, да не се оптоваруваат со високи судски такси, адвокатската комора, поднесе иницијатива за нивно намалување, односно да се плаќаат еднократно:

„Нашата интенција е судските такси да се наплатуваат по завршувањето на споровите од страна на странката која го загубила спорот, а не однапред како што е сега. Интенцијата наша е судската такса да биде со фиксен износ, а не со процент како што е сега. Истовремено, таа судска такса да се плаќа еднократно, а не како што е до сега во секој дел од постапката, врз основа на тужба, пресуда, жалба и сл.“

изјави Ненад Јаничевиќ, претседател на адвокатската комора на Македонија.

Судијата Дејан Костовски од Основниот суд Скопје 1 смета дека овој предлог може да придонесе само за поефикасно функционирање на судството:

„Доколку добро се разработи ова, и се донесе добра законска одредба и се направат измени на законот за судски такси. Би било поефикасно плаќањето да се врши одеднаш и тоа би било поедноставно, би ја поедноставило работата на судовите и воопшто функционирањето на законот. Сега знаеме дека ќе биде самостојниот судски буџет и законот е донесен и ќе го поедностави самото функционирање на судскиот буџет.“

Костовски посочува дека ова повлекува измени на други законски акти, бидејќи, како што објаснува со постојните норми има само застој во постапките, затоа што често, странките на пример, не ги плаќаат таксите за жалби, и тоа го стопира судскиот процес, а тоа не би било случај ако судската такса се плаќа по завршувањето на спорот. Освен завршувањето на ефикасноста, на судството целта на овој предлог е и да го олесни спроведуавњето на човековите права:

„Потребите на овој закон се остваруваат од самите граѓани, кои нискиот животен стандард ги притискаат и ги прави немоќни. Мора висината на судските такси да биде ускладена со моменталната ситуација којашто постои во Република Македонија, на социјален и економски план,“

вели Јаничевиќ.
XS
SM
MD
LG