Достапни линкови

Њујорк: Изјава на Кофи Анан


Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан изјави дека се во тек консултации околу испраќањето тим на Светската Организација во Ирак за утврдување дали се можни предвремени избори во таа земја или пак ќе се оди на алтернативен избор на времена ирачка влада. Анан синоќа во Њујорк имаше средба со американски и британски претставници, како и со членови на ирачкиот совет околу предавањето на власта на ирачаните, предвидено за 30-ти јуни годинава.
XS
SM
MD
LG