Достапни линкови

Женева: Од птички грип во Виетнам починало уште едно лице


Светската здравствена организација денеска соопшти дека од птичјиот грип во Виетнам починало уште едно лице. Станува збор за едно осумгодишно девојче кое е петта жртва од оваа болест досега. Според светската здравствена организација, не постојат знаци дека заразата може да се шири меѓу луѓето, туку оти таа се добивала само доколку се дојде во директен контакт со заболени кокошки.
XS
SM
MD
LG