Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Средба Анан - Бремер


Американскиот администратор во Ирак Пол Бремер и челновите на ирачкиот владејачки совет денеска во Њу Јорк че разговараат со генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан за идната улога на Светската организација во таа земја. Бремер синоќа оцени дека вчерашниот самоубиствен напад во Багдад во кој загинаа над дваесетина луѓе, нема да ги попречи американските планови, трансферот на власта во Ирак да биде спроведена до крајот на јуни годинава. Инаку, во Багдад денеска продолжија протестите на ирачките шиити кои бараат предвремени директни избори за новите ирачки власти.
XS
SM
MD
LG