Достапни линкови

Девет компании од Македонија, со мали шанси за успех


Од денеска до 23 јануари во градот Мишереф во Кувајт ќе се организира саем за обнова на Ирак. Македонските фирми, поделени во ставот, колку е исплатливо учеството на една ваква манифестација:

„Од посетата и презентацијата на нашата фирма на саемот во Кувајт за обнова на Ирак, 50 насто од нашите производствени капацитети да бидат искористени од нашата производствена програма за пазарот во Ирак.“

„Тоа се активности што повеќе имаа политички, а не комерцијален карактер, и ако одиме секаде на такви манифестации би немало крај,“


велат Ацо Николовски, комерцијален директор на МЗТ Пумпи и Ѓорѓи Стадов, директор на конзорциумот градежни и електро фирми коишто учествуваат на ирачкиот пазат. Она што е сигурно е дека административните пречки за учество на македонските фирми на јавните тендери во Ирак се отстранети:

„Ние се регистриравме како заинтересирани изведувачи,“

е ставот на Стадов.

Ирачкиот колач е примамлив за македонските компании, а желбата да се добие работа на овој пазар е голема, но реалните можности очигледно се мали. Главната причина е недоволната финансиска моќ на македонските фирми. Многу е важно како ќе бидат поделени тендерите. Потрербно е да се добијат финансиски издржани проекти, мали проекти не доаѓаат предвид:

„За мали објекти чиишто режиски трошоци не ќе може да ги покријат обемот на работата, сигурно нема да се нафатиме. Знаете, ситуацијата во Ирак од аспект на секојдневното живеење е многу поскапа, токму затоа, објектот на којшто ќе одиме би требало да биде и поголем за тие режиски трошоци да бидат исплатливи.“

Со оглед на актуелната безбедносна ситуација во Ирак, во блиска иднина не би можело да се очекува посериозна ангажирање на работна сила:

„Во наредниот паериод не може да се очекува дека градилиштата ќе се отворат во скоро време. Состојбата е сеуште таква така што тешко некој градежник ќе се одлучи да појде и да работи таму, сеуште се потребни политички решенија.“

Од 1-ви јули, власта во Ирак од американскиот администратор се предава на цивилните ирачки власи, што секако не значи дека последниот збор во фирмите коишто ќе го обновуваат Ирак ќе го имаат Ирачаните.
XS
SM
MD
LG