Достапни линкови

Тирана: Албанскиот парламент ја отфрли иницијативата за гласање недоверба на владата


Албанскиот Парламент рано утринава ја отфрли иницијативата за гласање недоверба на Владата на премиерот Фатос Нано, поднесена од опозиционата Демократска партија. На седницата, која почна во четвртокот, а беше прекината во петокот за да продолжи во саботата попладне, учествуваа 127 пратеници, од кои 76 гласаа против барањето за гласање недоверба на Владата, 50 ја поддржаа иницијативата, а еден пратеник се изјасни како "воздржан". Барањето за гласање недоверба на Владата на Нано, беше покренато од 29 пратеници на опозицијата, по трагичната бродска несреќа, што се случи на 9 јануари во Јонското Море, во која најмалку 21 лице го загуби животот, при обид илегално да влезат од Албанија во Италија.
XS
SM
MD
LG