Достапни линкови

Софија: Вториот блок на „Козлодуј“ доби нова петгодишна лиценца


Вториот блок на бугарската нуклеарна централа Козлодуј доби нова петгодишна лиценца за работа до 2009 година, пишуваат денеска софиските весници. Лиценцата ја изададе Агенцијата за нуклеарна регулација и таа предвидува работа на блокот без производство на топлинска и електро енергија и при услови на извадено гориво од активната зона на блокот и негово складирање во басените на централата. Агенцијата потврди дека наскоро слична лиценца ќе добие и првиот блок на централата. Првиот и вториот блок беа исклучени во 2002 година, а лиценците се однесуваат само на производство на нуклеарно гориво.
XS
SM
MD
LG