Достапни линкови

Џеда: Продолжува петтиот економски форум во Саудиска Арабија


Во местото Џеда на Црвено Море вчера почна петтиот Економнски форум на кој учествуваат бизнисмени и политичари од целиот свет. На форумот денеска ќе бидат проучени производствените стратегии што резултираа со брз развој на Турција, Малезија, Обединетите Арапски Емирати, Либан и Казахстан. Последниот ден ќе биде посветен на глобализацијата, интеграцијата на светските економии и трговии во регионот. На форумот присуствуваат поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, јорданската кралица Ранија, шведската принцеза Викторија, либанскиот премиер Рафик Харири и министрите за финансии од повеќе земји во светот.
XS
SM
MD
LG