Достапни линкови

logo-print

Влијанието однадвор, но и кадровските грешки на МПЦ


Покрај улогата на влијанието однадвор преминувањето на дел од монаштвпто што е претсавено преку 100 стотина негови членови кон така наречената охридска архиепископија го отвори и прашањето на темелите врз кои тоа е поствено во Македонија.Портпаролот на македоската правослвна црква Тимотеј комнтирајки го отцепувањето на неколку мината монси од манастирите во кои служеа кон српскиот егзарх во македонија Зоран Вранишковски рече:

„Сигурно дека имаме делумна вина во тоа брзопотезно регрутирање.“

Сомнеж во квалитетот на монашкиот живот во скопската епархија по отцепувањето на Давид и Максим израззи прествникот на таа епархија Коста Станоевски. Тој потврди дека има монаси што во монаштвото влегле од приватни а не од верски причини.

„Немавме кадар во тие манастири, образован во духот на монашкото учење. Тоа беа се дојдени лица неподготвени на тој монашки или аскерски живот.“

Игуменот на манстирот Јоаван Бигорски Партени се согласува дека напуштањето на дел од монасите на манстирите и нивното приклучување кон паралелниот синот на српскиот егзарх Зоран Вранишковски зборува дека тие немале чувство на припадност на црквата во која служеле.

„Јас не можам да сфатам, како може монах лесно да го напушти својот манастир. Ако треба и животот треба да го даде за својот манастир. Тие лесно ги напуштиле своите манастири. Не ги чувствувале како нивни. НИту се вградиле за овие години во нив.“

Проблемот пред кој деновиве се соочи дел од Монаштвото во македонија според академик Блаже Ристовски мегу другото има подлога во времето на бившиот режим кога тоа беше замрено:

„Бидејќи од нашата средина тешко се добиваа монаси, дозволивме од страна да внесуваме монаси и монахињи. Во нашите манастири тие беа раководни лица. Тука се направија некои стратегиски грешки и еве сега доаѓа време кога сето тоа се плаќа.“
XS
SM
MD
LG