Достапни линкови

Багдад: Хусеин на сослушувањето даде малку детали за да се заштити знаејќи дека ќе му се суди


Бившиот ирачки лидер Садам Хусеин во сослушувањето даде малку детали настојувајќи да се заштити знаејќи дека ќе му се суди, изјави американскиот државен секретар Колин Пауел. Хусеин беше уапсен во средината на декември минатата година во близина на родното место Тикрит, а испитувањето се врши на непозната локација. Минатата недела Вашингтон му одобри статус на воен затвореник со што му се гарантираат правата според женевска конвенција.
XS
SM
MD
LG