Достапни линкови

logo-print

Одлагање за догодина


Реформите во пензискиот систем наместо од почетокот на годинава ќе стартуваат од 1 јануари 2005 година, односно периодот кога ќе се започне со издавање на првата континуирана емисија на државни долгорочни обврзници. Лицата кој за првпат ќе стапат во работен однос задолжително ќе се вклучат во новиот систем , додека пак веќе вработените тоа право ќе можат да го остварат по сопствен избор . советотот на правните експерти е лицата со работен стаж над 20 години да не вршат промена на пензискиот фонд односно своите срдтва и понатаму да ги уплаќаат во државниот пензиски фонд.

„Средствата коишто од пензиските фондови ќе ги инвестираат друштвата нема да се наоѓаат кај нив, тоа е основната заштита и тоа овозможува граѓаните да се чувствуваат посигурно, дека тие пари што ќе бидат инвестирани од некого нема да ги чува физички, туку ќе бидат чувани кај чуварот на имот, ние така ја нарекуваме оваа институција,“

вели Зорица Апостоловска директор на агенцијата за супервизија на пензиски фондови. Причина за Пролонгирањето на првичниот рок предвиден со законот од април минатата година е дозаокружувањето на институционалните претпоставки за ефикасно и сигурно фукционирање на првите два столба, задолжителниот државен и задолжителниот приватен пензиски фонд:

„Во делот на инвестирањето точно се определува во кои инструменти смее, значи целта е да биде се во посигурни инструменти, во државни обврзници во земјата, но и за инвестирањето во странство, точно се прецизирало што треба да се инвестира.“


Според новиот пензиски систем по пат на меѓународен тендер ќе се избират две акционерски друштва кои во првите десет години од функционирањето е планирано да ги инвестираат средствата:

„Не лимитираме на домашни или странски компании, туку кој ќе ги исполни тие услови, затоа што се работи за задолжително пензиско осигурување. Значи, многу важен услов е дека мора да се има најмалку 20 милиони евра капирал, мора да се има искуство во оваа област, а доколку се работи за понудувач од странство, тој ќе мора да обезбеди и рејтинг од високо реномирани агенции.“

Од постојните 20% кои се издвојуваат од бруто платата за фондот за пиом , предвидено е 13 да се уплаќаат во првиот задолжителен државен столб, додека останатите 7% во вториот задолжителен приватен фонд. Третиот доброволен приватен пензиски фонд, во кои граѓаните во зависност од оценката можат слободно и неограничено да ги лоцираат своите средства дава можност за остварување повисока пензија , односно пензиско инвалидско осигурување. Заживувањето на овие фондови е тесно врзано за зголемувањето на палетата државни обврзници , бројот на бонитетните компании како и ликвидноста на долгорочните хартии од вредност.
XS
SM
MD
LG