Достапни линкови

Целиот балкански регион е во рецесија и тоа не може да се смени со политички средби


Регионалната соработка на економско ниво не може да вроди со плод во смисла на покренување на економски циклус, смета професор Наталија Николовска од Економскиот факултет во Скопје:

„Целиот регион е во состојба на голема економска депресија. Тоа е обид да се направи невозможното, сите тие соработки може да имаат, така да речам спореден ефект.“

Според неа економијата не може да се подобри со соработка и посети на земји од соседството на политичко ниво. Со тоа како што вели се создава само привид дека нешто се случува. Николовска истакнува дека единствен начин да се подобри економската ситуација во земјава и генерално во регионот е директната соработка меѓу економските субјекти:

„Сега веќе ништо не се решава на ниво на држава, таа нема моќ да креира економски услови на својот просперитет.“

Дека во контекст на подобрување на економската состојба во земјите поединечно и во регионот потребна е соработка мегу економски субјекти се согласуваат и од соседството:

„Сметаме дека директната комуникација и соработка на асоцијациите сопствениците на приватниот капитал, посебно на индустријалците и претприемачите е од клучно значење за развој на стопанствата на сите земји во регионот на Југоисточна Европа, а нормално и на односите на Србија и Црна Гора и Македонија,“

изјави Тихомир Симик, генерален секретар на Здружението на индустријалци и претприемачи на Србија и Црна Гора

Токму поради недостатокот на ваков вид соработка, велат експертите, самиот економски глобален систем оските на соработка ги трасира во однос на западните земји при што се исцедува акумалацијата од овој регион, а не се создаваат претпоставки таа да се задржува, со што се зголемува не само економската, туку и социјалната ерозија преку невработеност, сиромаштија и слично.
XS
SM
MD
LG