Достапни линкови

По урнек на Холандија и некое нордиски земји


Новиот македонски пасош е најдобро да биде по примерот на патните исправи кои ги има во нордиските земји или пак Холандија, велат од министерството за внатрешни работи во контекст на воведувањето на нови пасоши за македонските грагани кои пак се само еден од условите за олеснување или пак укинавње на визниот режим со некои земји:

„Секоја земја има свој сопствен индивидуален пат на градење или механизам на заштита на патната исправа. Во тие решенија има национални елементи, но предничи оној професионален, експертски елемент. Сигурно е дека одредени размислувања не влечат или се поблиску до одредени замји како што е на пример решението на Холандија, Норвешка, Шведска итн.“

изјави Емилио Фришиќ, началник на одделот за криминалистичка техника при Министерството за внатрешни работи кој објаснува оти и постоечкиот пасош ги содржи дел од пропишаните стандарди предвидени во мегународните документи, бидејки во спротивно како што вели не би било можно да се користат. Тој објаснува дека сега заложбата е ова прашање да се реши од повеќе аспекти:

„Од информатички аспект. Тоа значи, надградба на постоечкиот систем. Да се реши, од управно правен аспект, тоа значи издавање на патните исправи, да се направи систем на издавање лесно прифатлив за граѓанинот со брзо ажурирање. И она што е битно да се каже да во проекцијата на новите документи да се вградат тие биометрички податоци. Биометрички податок, конкретно кај патни исправи значи внесување на одреден дигитализиран запис, тоа може да биде дигитализирана фотографија, потпис или отисок од прст.“

Во Владата посочуваат дека со воведување на нов вид пасоши, Македонија ке биде само чекор напред до европските стандарди и оти во владина процедура веке е предлог за нови патни исправи за граганите. Притоа додаваат оти засега не се знае кога ке се случи тоа, односно кога ке финишира тој процес:

„На македонскиот пасош му треба модернизација, односно заштита. Веќе е во владина процедура изгледот на новиот пасош предизвикан од уставните промени, веројатно во следниот период ќе се размислува и за нови елементи на заштита, односно подобрување на заштитата на македонската патна исправа.“

изјави владиниот портпарол Сашо Чолаковски.
XS
SM
MD
LG