Достапни линкови

Скопје: Претседателот Трајковски прими писмо од српскиот патријарх Павле


Македонскиот претседател Борис Трајковски денеска примил писмо од српскиот патријарх Павле во кое се бара ослободување на Зоран Вранишковски. Портпаролот на претседателот Алекасандар Лепавцев за МИА изјави дека наскоро ќе биде разгледана содржината на писмото по што ќе биде заземен и соодветен став. Според белградските медиуми, во писмото се бара и средба на делегација на српската црква со претседателот Трајковски.
XS
SM
MD
LG