Достапни линкови

logo-print

Ерусалим: Израелскиот претседател го повика претседателот на Сирија на мировни разговори


Израелскиот претседател Моше Кацав го повика претседателот на Сирија Башар ал Асад да дојде во Ерусалим на мировни разговори во Израел. Кацав чија функција е ,пред се, церемонијална за израелското радио изјави дека Асад е добредојден но оти не треба однапред да поставува услови. Израелскиот премиер Ариел Шарон пак изјави дека мировни преговори можат да почнат дури откако Сирија ќе го распушти терористичките групи кои го напаѓаат Израел. Шарон исто така рече дека Израел не ќе може да ги задржи сите еврејски населби на Западниот Брег доколку се постигне мир според мировниот план или земјата реши унилатерално да се одвои од палестнците. Поради тоа синоќа над 100 илјади луѓе протестираа во Тел Авив.
XS
SM
MD
LG