Достапни линкови

Битола: Приведен Зоран Вранишковски


Македонската полиција го приведе денеска на информативен разговор Зоран Вранишковски откако почнал со богослужба во еден приватен стан во Битола. Според Мирјана Контевска, портпарол на Македонското министерство за внатрешни работи вршењето богослужба вон верските објекти во Македонија е забрането и сега се врши претрес на станот. Во моментот на влегувањето на полицијата во станот биле присутни околу триесетина лица.
XS
SM
MD
LG