Достапни линкови

Вашингтон: Буш го објави планот за издавање долгорочни визи на илегалните имигранти


Американскиот претседател Џорџ Буш го објави планот за издавање на долгорочни американски визи за милионите нерегистрирани имигранти кои илегално работат во Соединетите Држави. Според планот, дозвола за престој и работа треба да добијат и странци кои нашле работни места кои не можат да се поплнат со американски работници. Оваа програма, пред се, се однесува на државјаните од Латинска Америка, а за да почне да се применува треба да биде одобрена од Конгресот. Се проценува дека во Соединетите Држави има околу 14 милиони илегални имигранти.
XS
SM
MD
LG