Достапни линкови

ЕУ и САД наметнаа мир, што сега мора да го одржуваат


На Балканот морковите се исто така важни како и стаповите. Под овој наслов весникот Фајненшл Тајмс објавува анализа за ситуацијата во регионот во која се наведува дека Соединетите Држави и Европа, во покажувањето на колективната мудрост и добра волја, кон крајот на деведесетите години наметнаа нелесен мир Балканот кој сега мораат и да го одржуваат.

Дејтонскиот договор, Резолуцијата на Обединетите Нации за завршување на конфликтот на Косово, демократското остранување на диктатурата на Слободан Милошевиќ, решавањето со преговори на граѓанската војна во Македонија. Сето ова, како што се наведува во анализата на Фајнаненшал Тајмс, беа продукти на западното државништво на повисок поредок. Веќе неколку години американците имаа тенденција да се одмораат на ловориките на Балканот, додека пак европејците се подготвуваа за денот кога тие ќе ги преземат тешкотиите за стабилизирање на регионот. Вашингтон, според анлизата, го посматра Балканот како вчерашна работа, додека Брисел како утрешен тест на европските нови безбедносни и одбранбени институции. Контакт групата, формирана од Соединетите Држави, Европската Унија и Русија покрена уште една тешка транзиција, односно да го отвори процесот за решавање на финалниот статус на Косово во почетокот на две илјади и петата година. Балканскиот пејсаж, како што се наведува во анализата објавена во Фајненшл Тајмс, станува се понеисцртан откако ултранационалистите победија на парламентарните избори во Србија. Социјалистите и радикалите се предводени од хашки затвореници, Слободан Милошевиќ и Воислав Шешељ. Партијата на Шешељ дури за три пати го зголеми бројот на осовоени гласови. Во минатата година националистичките партии победија и во Босна и во Хрватска со што ги заменија владите предводени од демократски ориентираните реформатори. Сепак, и покрај тоа што во Хрватска и во Босна повторно раководат партиите кои пред една деценија ги воведоа во граѓанската војна, како што се оценува во анализата, луѓето можат да се менуваат. Денеска не сите босански, хрватски, и српски националисти ги застапуваат истите позиции што ги бранеа пред една декада. Во светлината на последните неуспеси на проевропските партии во Западен Балкан, Вашингтон и Европската Унија би требало да ги обноват нивните планови за регионот. Само комбинацијата на американската голема сила, во форма на воздушни напади и робусна окупација, и европската мека моќ, во форма на економска помош и на ветување за членство во Европската Унија, беа доволни да го стабилизира регионот во доцните деведесети години од минатиот век. Затоа, во иднина една од потребите е внимателно да се тестира тезата дека само европските напори ќе можат да го чуваат мирот на Балканот, се наведува во анализата што денеска ја објавува весникот Фајненшл Тајмс.
XS
SM
MD
LG