Достапни линкови

Во знак на војната во Ирак


Две илјади и третта година низ вестите што ја одбележаа. Најмногу беа оние поврзани со војната во Ирак, но светските медуми големо внимание им посветија и на страхувањата од нуклераното оружје и од глобалните епидемии, како и на неколкуте атентати. Хронологија на главните настани.

Годината почна со растечката можност за војна во Ирак. Американскиот претседател Џорџ Буш во обраќањето до нацијата предупреди на потенцијалната закана што ја претставува ирачкото оружје за масовно уништување:

„Британската влада дозна дека неодамна Садам Хусеин барал значајно количество ураниум од Африка.“

Овие негови зборови неколку месеци подоцна беа причина за критики со наводите дека Буш се користел со фалсификувани разузнавачки документ со цел да ја оправда интервенцијата во Ирак. Како што е познато, и покрај американската истрага, досега во Ирак не е пронајдено такво оружје. Тој јануари на многу се заборуваше и за севернокорејската нуклерана програма.

„Се надевам дека Северна Кореа ќе ја искористи можноста да соработува, а не да ја мами меѓународната заедница.“

Рече тогаш Мохамед Ел Барадеи, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија. Дванаесетти март две илјади и третта светот беше потресен од веста за атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ

„Овој криминален чин е јасен обид на оние што во изминативе години се обидоа да го запрат развојот на Србија и нејзината демократизација, да го сменат курсот на историјата и да ја вратат Србија во царството на криминалот.“

Изјави српскиот вице премиер Небојша Човиќ. На четириесетина лица, обвинети за заговор поврзани во криминална банда, им се суди за атентатот врз Џинџиќ.
На деветнаесети март, Џорџ Буш му постави ултиматум на ирачкиот претседател Садам Хусеин: напушти го Ирак и дозволи на сојузничките сили да влезат во земјата и да го уништат оружјето за масовно уништување. Ден потоа Буш и со објавата:

„На моја наредба, сојузничките сили почнаа да напаѓаат селектирани цели од воена важност со цел да се намали способноста на Хусеин да војува.“

Во почетокот на април светот се соочи со опасноста од смртоносна епидемија. САРСОТ, почнувајќи од јужна Кина за неколку месеци се прошири во уште дваесет и пет земји.

„Се уште немаме конечен и јасен одговор од експертите што вирус е тоа. Но, се чини дека станува збор за таканаречениот корона вирус.“

Изјави тогаш директорот на Светската здравствена организација Гро Харлем Брутланд. Со САРСОТ беа заразени над осум илјади луѓе од кои скоро осумстотини починаа. Неколку месеци подоцна беше објавено дека, по воведените строги карантински мерки, ова епидемија е ставена под контрола. На деветти април телевизиите во светот ја пренесоа сликата од уривањето на големата статуа на Садам Хусеин во центарот на Багдад. Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд изјави дека тоа е историски настан.

„Гледајќи ги нив, не може некој да не се сети на падот на Берлинскиот ѕид и на колапсот на Железната завеса.“

Во почетокот на мај Џорџ Буш објави крај на големите борбени операции во Ирак, но таму се уште сојузничките сили се соочуваат со секојдневни герилски напади. Во јуни во Акаба во Јордан беше одржан блискоисточен самит на кој учествуваа израелскиот премиер Ариел Шарон, тогашниот палестински премиер Махмуд Абас, американскиот претседател Џорџ Буш и јорданскиот крал Абдула. На него израелците ветија отстранување на еврејските населби, а палестинците крај на востанието. Само неколку месеци подоцна Абас си даде оставка, а насилството повторно се врати на Блискиот Исток. /Во јули во близина на ирачкиот град Мосул беа убиени двајцата синови на Садам Хусеин, Удај и Касај,/ а кон средината на август во експлозија на камион бомба паркиран пред штабот на Обединетите Нации во Багдад загинаа дваесет луѓе. Меѓу нив и специјалниот пратеник Серџо де Мело. Во септември уште еден атентат го потресе светот. Станува збор за убиството на шведската министерка за надворешни работи Ана Линд која со нож беше избодена во една продавница во Стокхолм.

„Со жал ја примив информацијата дека шведската министерка за надворешни работи Ана Линд почина ова утро од здобиените рани.“

Изјави шведскиот премиер Јоран Першон. На едно ментално заболено лице со српско потекло се очекува да му биде судено поради убиството на министерката Линд. Во октомври во Осло беше соопштено дека Нобеловата наград за мир за прв пат и се доделува на една муслиманка. Ја доби иранската адвокатка и активистка за човекови права Ширин Ебади

„Моето барање до иранскиот паламент, вчера, денеска и во деновите што доаѓаат е за сите нас, да бидеме обединети и да ги етаблираме човековите права во Иран.“

На дваесет и петти октомври руските специјаци го уапсија нафтениот милијардер Михаил Ходорковски под обвинување за финансиски криминал. Неговите приврзаници пак наведоа дека претседателот Владимир Путин го наредил апсењето, бидејќи растеле политичките апетити на Ходорковски. Пред самото негово апсење тој рече

„Немам намера да станам политички емигрант. Ако нивната работа е да ме истераат од земјата или да ме стават зад решетки, тогаш ќе мора да ме затворат.“

На втори ноември опозицијата во Грузија почна да одржува протести со барање за заминување на претседателот Едуард Шеварднаѕе под обвинување дека ги лажирал парламентарните избори. Нивното барање се оствари дваесетина дена подоцна кога демонстрантите влегоа во парламентот

„Сега гледам дека она што се случува нема да заврши без крвопролевање доколку утре ја покажам моќта што ја имам во ваква ситуација. Никогаш не го мамев наредот и затоа соопштувам дека е подобро да си поднесам оставка и сето ова да заврши.“

На седми декември во Русија се одржаа парламентарни избори, на кои убедливо победи про кремељската Единствена Русија. Владимир Путин тоа го нарече како победа на демократијата.

„Главниот заклучок што мора да го извлечеме денес во врска со резултатите од изборите е дека ова е уште еден чекор напред кон зацврстувањето на демократијата во Русија.“

Сепак, ОБСЕ ја критикуваше доминацијата на Кремљ за време на предизборната кампања. Конечно една од најголемите приказни дојде на крајот на две илјади и третта , апсењето на Садам Хусеин од страна на американските сили во близина на неговиот роден град Тикрит.

„Дами и господа, го фативме.“

Рече американскиот цивилен администратор во Ирак Пол Бремер на прес конференцијата во Багдад на кој светот виде снимки од уапсениот екс ирачки лидер. Тоа беше сосема друга слика на Хусеин од онаа кога почнуваше годината.
XS
SM
MD
LG