Достапни линкови

Виена: Од денеска Бугарија нов претседавач на ОБСЕ


Бугарија денеска го презеде претседавањето со Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) чие седиште се наоѓа во Виена. Бугарскиот министер за надворешни работи Соломон Паси истакна дека неговата земја како претседавач со ОБСЕ ќе продолжи да ја поддржува работата на мисијата на оваа организација и оти е подготвена да соработува со сите членки со цел одржување на континуитетот во насока на исполнување на целите и достигнувањата на ОБСЕ. Во 2005 година функцијата претседавач со ОБСЕ ќе ја преземе Словенија.
XS
SM
MD
LG