Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: САД ги ублажуваат рестрикциите во платниот промет со Иран


Американското министерство за финансии соопшти дека ќе ги ублажи рестрикциите во платниот промет со Иран, со цел полесно да се достави финансиска помош до жртвите од катастрофалниот земјотрес кој неодамна го погоди иранскиот град Бам. Во земјотресот, што се случи минатиот петок, загинаа повеќе од 40.000 луѓе. Министерството за финансии на САД истакна дека времените мерки, со кои за Иран се одобрува трансфер на пари преку банкарски сметки, ќе траат 90 дена.
XS
SM
MD
LG