Достапни линкови

Скопје: Во Македонија Новата година пречекана релативно мирно


Министерството за внатрешни работи на Македонија соопшти дека релативно мирно е пречекана Новата 2004 година.

Исклучок, како што е соопштено, е експлозијата што се случи утринава во 5 часот и 15 минути на улицата "Јордан Златаноски" во Тетово во која нема повредени лица. Од експлозијата е предизвикана само мала материјална штета на ѕидовите и искршени се четири прозорски стакла од една куќа. Покрај тоа, оштетувања се забележани и на соседната гаража. Во близина на настанот екипите на МВР пронајдоа и една неексплодирана рачна бомба која е дадена на вештачење.

Во Куманово 50 минути по полноќ од заскитан куршум испукан од засега непознат сторител, повредено е едно лице во пределот на десното рамо на кое подоцна му е укажана лекарска помош.

Во Скопје 20 минути по полноќ едно лице се самоповредило во пределот на стапалото од левата нога при испукување на еден куршум од огнено оружје.
XS
SM
MD
LG