Достапни линкови

Главна причина неатрактивноста


Во 2003 година се продадени 203 компании што се наоѓале во државна сопственост. Или од продажбата на сеуште не приватизираниот капитал во компаниите, агенцијата за приватизација инкасирала, 70, 4 милиони евра. Но, и покрај тоа, останува заклучокот, и оваа година државата не успеа во целост да се ослободи од сопствените акции и удели, вели Милчо Ќупев, директор во Македонска Берза:

„Од вкупно имот од 314 милиони, продадени се околу 71 милион евра имот.“

Според статистиката на македонската берза, потенцијалните сопственици на државните акции, биле повеќе заинтересирани овие хартии од вредност да ги плаќаат во готово.

„Вредноста на продадениот имот којшто е добиен во готово, изнесува 15 милиони евра, а додека со хартии од вредност исплатено е 5 милиони евра.“

Со згазнувањето на Агенцијата за приватизација, на 1-ви март 2004 година, неприватизираните хартии од вредност преминуваат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Или 132 компании во кои сеуште се наоѓа државен капитал, ќе бидат продавани од страна на овој фонд:

„Остатокот на капиталот од агенцијата по сила на законот преминува во фондот, значи тој целоккупен износ влегува во нивното портфолио и тие ќе го продаваат по нивна оценка и потреба.“

Како хартии од вредност за кои кај инвеститорите годинава постоел најголем интерес за тргување се јавуваат обврзниците. Од чија продажба, Македонската берза инкасирала 25 милиони евра:

„Од акциите, најликвидни се акциите на Алкалоид, на Комерцијална Банка, на Макпетрол.“

И покрај неатрактивноста на државниот капитал кој се продава, како една од главните причини за спориот процес на доприватизација се наведува различноста на податоците за сопственоста, кои се наоѓаат во централниот депозитар. Или за едно претпријатие во агенцијата за приватизација регистрирана е една структура на сопственост, а во депозитарот сосема поинаква.
XS
SM
MD
LG