Достапни линкови

Стабилен економски раст, Путин ја зацврсти политичката сила на домашен терен


Изминатава година на Русија и донесе стабилен економски растеж. Претседателот Путин вешто менаџираше во деликатниот период на меѓународните односи и како никогаш досега ја зацврсти политичката сила на домашен терен. Аналитичарите, меѓутоа, сметаат дека заканувачки процеси се тероризмот преку директните напади и Чеченија.

Рускиот претседател Владимир Путин е посилен од било кога порано. Неговата политичка моќ се зголеми по изборите во Думата и отстранувањето на нафтениот тајкун Михаил Кодорковски. Популарноста на Путин во Русија велат дека достигна небески височини три месеци пред претседателските избори. Сепак, велат аналитичарите, постојат и заканувачки процеси. Иронично, е велат тие, што прашањето што го доведе Путин на власт пред 4 години, а тоа е чеченскиот конфликт и тероризмот продолжува да расте. Тој беше избран со ветувањето дека еднаш за секогаш ке го реши чеченското прашање. Во неговиот говор Путин го повтори тоа.

„Бесмислено е да се продолжи превентивната работа со овие луѓе. Тие мора да бидат истерани од нивните келии и кафези и мора да бидат уништени.“

Рускиот претседател ја зголеми воената потрошувачка, и се приклучи на каузата за глобалната војна против тероризмот. Меѓутоа, самоубиствените бомбаши оставија вреќи со тела ширум Русија. 50 луѓе загинаа во болницата во Маздок во Северна Осетија, 15 во Москва, па 17 на Кавказот се најкрупните примери. Томас де Ваал од Британскиот центар за војна и мир смета дека корупцијата во руската армија е најголем проблем за да се постигне мирот.

„Ние треба да се запрашаме. Зошто бунтовниците се уште се борат. Од каде им е оружјето. Како тоа главните лидери слободно оперираат во Чеченија речиси 4 години откако таму започна втората војна. А Чеченија не е големо место. Корупцијата е одговорот на овие прашања и додека таа не се реши мислам дека во Чеченија работите ке станат уште полоши.“

Корупцијата, според де Ваал ја доведува во прашање кредибилноста на воените команданти.

„Сметам дека е тоа многу значаен фактор. Мислам дека криминализацијата на руските сили во Чеченија е најголемиот од сите проблеми. Тие дилаат во нафтената индустрија. Користат насилство за да заработат пари. Многу војници одат во Чеченија не со намера да служат таму туку да заработат пари.“

Владимир Путин од друга страна се покажа како одличен тактичар. На надворешен план рускиот претседател ги искористи разликите околу Ирак за да се приближи до Германија и Франција, но од друига страна не ја имаше истата жестока реторика со цел да не им наштети на односите со Соединетите Држави. Кога Садам Хусеин беше отстранет, Владимир Путин ја обнови силната политичка и трговска врска со Соединетите Држави и доби низа бенефиции на трговски план. На домашен план со тоа што го беше уапсен Михаил Кодорковски, Кремљ прати јасна порака до бизнис заедницата да не се меша во политиката и да не ја помага опозицијата. Таа порака беше јасно примена и од медиумите. Андреј Пионтоковски од Московскиот центар за старегиски студии вели дека претседателските избори во март 2004 ке бидат јасен индикатор дали демократски ориентираната опозиција е способна да се прегрупира или Русија ке продоли да се консолидира во контролирана авторитарна семи капиталистичка земја. Небото, велат аналитичарите можеби нема да биде вечно сино за Путин, но сега засега има многу пруичини за здравици во Кремљ.
XS
SM
MD
LG