Достапни линкови

Фракционерството во партиите не е невообичаена појава


Формирањето на фракции не е нова појава, тоа се случува во повеке политички партии. Но, има и партии во кои тоа не е дозволено со партиските акти, вели политикологот Панде Лазеревски, директор на Институтот за социолошки и политижко правни истражувања во контекст на случајот на како што ја нарекуваат конструктивна фракција предводена од поранешниот потпретседател и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Доста Димовска и од актуелниот пратеник од оваа партија Марјан Ѓорчев. Тој објаснува дека формирањето на фракција во дадена политичка партија зависи од неколку моменти

„Дали постои простор или не за фракција, зависи од два моменти. Прво, дали постои политичко расположение, односно доволен број членство, кое би застанало зад таквата фракција и второ дали тоа е допуштено со фактичките акти. Станува збор за уште еден демократски институт.“

Во начело разлики на мислења постојат во сите политички партии, но како што објаснува Лазаревски, прашање е на каков начин тие доагаат до израз

„Дали преку формализирање фракција во рамките на партијата, дали преку излегување од партијата и воспоставување на нов политички субјект што таквите ставови ќе ги застапува или на некој поинаков начин.“

Тој посочува оти фракционерството постои одамна и не е ништо ново, за фракционерство може да се говори во политичките партии во повеке земји

„Искуствата се различни, како што знаете некаде воопшто не е допуштено фракционерство, а некаде постоело со години. Да не одиме подалеку, земете го примерот со француската социјалистичка партија и крилото на Жоспен своевремено. Искуства постојат во тој домен. Тоа се смета како добар начин за артикулирање на крупните разлики. Меѓутоа, пак ќе речам, што тоа ќе значи кај нас, и како ќе се развива ќе треба да се почека, за да се види реакцијата на членството и на политичкото водство и реакциите и однесувањето на партиските следбеници, односно политичката јавност.“
XS
SM
MD
LG