Достапни линкови

Иран: Отстранување на последиците од земјотресот


Иранските и меѓународните напори, како што јавуваат агенциите, поради намалувањето на надежите да се најдат преживеани, се фокусирани врз згрижување на луѓето кои останаа без домови во катастрофалниот земјотрес што го разурна градот Бам. Официјален Техеран соопшти дека досега биле погребани телата на петнесет илјади загинати. Според иранските проценки, тој број би можело да достигне над дваесет и две илјади. Спасувачките екипи успеле од под урнатините да извлечат околу илјада преживеани. Иранскиот верски лидер Ајатолахот Али Хамнеи денеска во Бам изјави дека градот повторно ќе биде изграден.
XS
SM
MD
LG