Достапни линкови

Убедливо водство на Српската радикална партија


На вчерашните парламентарни избори во Србија, според обработените осумдесет и пет насто од гласовите, убедливо води Српската радикална партија. Сепак, ваквите резултати покажуваат дека српските радикали не ќе можат да располагаат со апсолутно мнозинство во идниот парламент, а со тоа и да формираат самостојна влада.

Според последните податоци, радикалите освоиле над дваесет и седум насто од гласовите или осудесет и две пратенички место од двесте и пеесете колку ги има во српското собрание. На второ место е Демократската партија со пеесет и двајца пратеници. По неа следат Демократската партија на Србија со триесет и осум мандати, Ге седумнаесет плус доби триесет и четири, додека Социјалистичката партија освои дваесет и две пратенички места. Нови пратеници станаа и двајцата затвореници во Хашкиот трибунал Воислав Шешељ и Слободан Милошевиќ кои беа носители на списоците на Српската радикална и на Социјалистичката партија. Заменик претседателот на радикалите Томислав Николиќ изјави дека неговата партија не го оствари максимумот на изборите, добивање доволно мандати за формирање самостојна влада.

„Битно е да само да бидат осумдесет и четири, да имаме третина од пратеничките места во парламентот и оние што мислеа да го менуваат Уставот без нас тоа едноставно да го заборават.“

Изјави Николиќ, додавајќи дека не е исклучена ниту една можност за формирање на новата српска влада. Според аналитичарите, Српската радикална партија не ќе може да го искористи својот успех, бидејќи можните партнери за формирање коалициона влада уште пред изборите имаа негативен одговор. Меѓу нив беше и умерената националистичка Демократска партија на Србија. Нејзиниот лидер Воислав Коштуница пак по изборите изјави:

„Рано е да се зборува за комбинациите во случај на мнозинска влада. Не ги знаеме се уште конечните резултати од изборите. Така во некои предвидувања сега не би можело да се впуштаме. Демократската партија на Србија е демократска партија и таа одлуките за евентуално коалицирање ги донесува на главниот партиски одбор.“

Коштуница пред изборите се изјасни дека неговата партија принципелно се противи на секаков сојуз со Демократската партија. Тоа им дава малку шанси на таканаречните прореформски сили во кој се вбројува и Ге седумнесет плус, да дојдат до позиција да осигураат парламентарно мнозинство и да формираат влада. Доколку не се изнајде некаква спогодба, тоа, како што проценуваат експертите ќе ја отвори вратата за нови избори во Србија. Затоа, некои светски агенции оценуваат дека предвремените избори впрочем доведоа до уште една пат позиција која ќе ги одолговлечи обидите за брзо излегување од општата социјална и економска криза во земјата. Дополнителен удар врз економијата, како што се додава, ќе биде и тоа што успехот на радикалните партии ќе го зголеми страхувањето на странските инвеститори да вложуваат во Србија.
XS
SM
MD
LG