Достапни линкови

Николас Бигман, амбасадор на НАТО во Македонија. Не очекувам Македонија да биде спомената на самитот во Истанбул


Амбасадоре Бигман да го започнеме разговорот со нашите очекувања од самитот на НАТО во Истанбул каде како што вели предтседателот Трајовски ќе се потврди статусот на Македонија како насериозен кандидат за членство?

Би можеле да започнеме со тоа за што ќе биде самитот во Истанбул. Тој нема да биде посветен на Македонија, тука на Авганистан, на другите делови од светот, на можното реконстуирање на НАТО ,,соработката со Европската Унија“. Македонија можеби и ќе биде спомената во коменикето, но како – тоа во голема мерка зависи од активностите на македонската влада во следните шест месеци. Тоа е мој впечаток, но се разбира ова коминике го пишуваат земјите членки на НАТО, а не секретаријатот на Алијансата. Мислам дека доколку Македонија сака да биде спомената во позитивна смисла во Истанбул потребно е да се преземат прилично сериозни чекори од сега до јуни. Би рекол дури спектакуларни чекори во реформите на армијата.

Ова звучи прилично резервирано и условувачки?

Да кажеме дека не можете со сигурност да сметате на ништо. Ако работите во јуни се на она ниво на кое се сега не мислам дека Македонија ќе биде спомената воопшто, да бидам искрен.

Значи ли тоа дека воопшто нема напредок во реформите?

Досега ништо посебно не е направено во практична смисла. Она што е направено и што се прави, а доста е важно е одбранбениот стратешки преглед. Тоа е преглед на безбедносната ситуација во регионот, безбедносните потреби на армијата во иднина се рабира гледано во рамките на идното членство во НАТО. Со оглед на тоа што вашата иднина е НАТО тогаш не ви треба широк спектар на воени сили од подморници до борбени авиони, туку треба да се вклопите во генералната рамка и во неа да ги правите работите што се полезни за вас, но и за Алијансата. Сега, овој стратешки одбранбен преглед е започнат. првата фаза политичката рамка е помината, во тек е втората тоа е преглед на потребната опрема и структурата на армијата. А, претстои и трета фаза која подразбира сите измени да поминат во собранието што ќе биде основа за идните вооружени сили на Македонија. Сево ова би требало да биде завршено до самиотот во Истсанбул. Тоа е цел на министерот Бучковски и ние навистина сме одушевени од неговата работа. Ова е високо приоритетно прашање, но засега тоа се само зборови на хартија.

Министерот Бучковски вели дека следниве месеци се клучни за нашето приближување кон НАТО и оти нема баш многу време. Што конкретно треба да се направи?

Она што Македонија може да направи до самиотот во Истанбул е главно на полето на реформите во армијата. Тоа е исто така нешто каде НАТО може да помогне . Можеби не би било лошо да се каже на што се мисли кога се говори за раеформите. Тоа не е апстрактрна работа. Прво тоа е процес низ која секоја земја мора да помине, сите земји сегашни или идни, па дури и оние кои немаат никаква врска со НАТО. Станува збор на прилагодување на вооружените сили на безбедносната ситуација . Второ треба да обезбедите одржување на тие вооружени сили од буџетот кој секогаш е ограничен. Не се работи за барање на НАТО да потрошите огромна сума на одбраната, далеку од тоа. Проблемот е во тоа што 95 насто од буџетот за одбраната оди на плати за преголем персонал или одржување на опрема која што не е потребна ниту на Македонија ниту на НАТО или одржување објекти кои не се употребуваат. Идејата на министерот Бучковски и НАТО е да се дојде до ситуација кога нема да се трошат повеќе пари туку тие што се во буџетот ќе се трошат паметно на работи кои на армијата навистина и се потребни. Тоа ќе отвори можност за вложување на средства во модернизација или нова опрема. Сега едноставно за тоа нема пари.

Во овој дел спаѓа и барањето за ослободување од тенковите. Процесот започна, но тоа не може да се изврши преку ноќ. Што е вашиот совет?

Мислам дека би било добро да се престане со одржувањето на останатите тенкови, а колку што знам ги има повеќе од 90. Едноставно престанете да трошите пари за тенкови кои никогаш нема да бидат употребени. Оставете ги некаде. Работи како ова можат да бидат направени и веројатно и ќе бидат направени, затоа што сосема е јасно дека тенковите можат да се употребуваат главно против други тенкови, а не против мали подвижни герилски групи. Никој не очекува кој било од вашите соседи вклучително и во иднина можеби независното Косово да ве нападнат. Оттаму не постои можност тие тенкови воопшто да бидат употребени, Од нив нема потреба особено од толкав број колку што сега ги има. Повеќето од нив се и многу стари. Од истите причини нема потреба ниту од борбени авиони. Нивното одржување е скапо и непотребно.

Колку членството во НАТО е резултат на прилагодувањето на одбраната а колку полититичка одлука?

Како што постојано нагласувам членството во НАТО е политичка работа. Тоа треба да биде ратификувано од земјите членки кои дотогаш ќе бидат 26. Нивите парламенти ќе ги оценуваат политичките критериуми можеби и повеќе од реструктуирањето на армијата. Посебно ќе гледааат на кое ниво е владеењето на правото, меѓуетничките односи, круиминалот, корупцијата. Со еден збор ќе се разгледува општата слика на Македонија.Тоа особено ќе биде важно во процесот на ратификацијата

Ако членството е политичка работа колку Јадранската повелба меѓу :акедонија Албанија Хрватска и Соединетите Држави е чекор напред до остварувањето на целта?

Повелбата е повеќе работа на овие три држави и САД. Тоа е добар документ или парче хартија, но сепк тоа е само парче хартија кое треба да биде имплементирано. Овој документ патем е полн со политички критериуми за кои говоревме. Во целина тоа е добра работа и се надевам дека ќе ги стимулира сите три земји кандидати да ги направат вистинските работи.

Како ја гледате пресдстојанта година за Македонија да речеме од безбедносен или меѓуетнички аспект?

Мислам дека безбедносната ситуација како таква ќе биде добра или полесна. Не гледам навестување за нова криза. Не знам дали ќе ги имаме оние вообичаени шпекулации за пролетна офанзива но не верувам дека ќе ги има. Сеуште мислам дека таканаречената АНА во голерма мерка е виртуелна компјутерска група која што е многу поважно нема никакви следбеници меѓу локалното население.

Што мислите дека ќе биде клучниот проблем на Македонија во иднина?

Се надевам или мислам дека клучниот проблем со кој ќе се занимава владата во Македонија ќе биде економијата. Тоа го слушавме и од председателот и од премиерот. Мислам дека тоа и е клучниот проблем, итно е потребно да се создадат работни места. Мислам дека меѓуетничката димензија полека се намалува , се повлекува во заднина што е секако многу добар знак. На македонската влада и народот им посакувам успех во исполнувањето на задачите.

Дали ни посакувате успех и кога станува збор за очекувањата во Истанбул
За некаков знак или сигнал за идно членство?

Се разбира се надевам на тоа. Но, како што реков на почекотот прво не очекувајте чуда од Истанбул затоа што ќе биде доволно тешко да се добие какво и да е внимание за Македонија, затоа што алијансата има навистина огромни проблеми. Така што доколку ние, а велам, ние затоа што и јас би сакал така да биде, значи доколку планираме Македонија да биде издвоена во позитивна смисла во Истанбул македонската влада и парламентот би требало да работат навистина напорно во наредните шест месеци и тогаш можеби ќе успееме.
XS
SM
MD
LG