Достапни линкови

Иран: Пристигнаа странски спасувачки екипи


Првите авиони со странските спасувачки екипи пристигнаа изутрината во Иран каде што вчера се случи катастрофалниот земјотрес во градот Бам при што се оценува дека најмалку 20 илјади лица го загубија животот, а 30 илјади се повредени. Станува збор за авиони од Велика Британија, Германија, Русија, и Швајцарија. Претходно Иран соопшти дека ќе прифати помош од сите странски земји, освен од Израел. Посматрачите забележаа дека Соединетите Држави не се исклучени. Американскиот претседател Џорџ Буш синоќа изрази сочуство на народот на Иран и ја изрази готовноста на Соединетите Држави да му помогнат на Иран. Соединетите Држави и Иран немаат дипломатски односи од 1979 по избувнувањето на исламската револуција, а Буш го означи Иран како дел од оската на злото заедно со Северна Кореја и Ирак пред свргнувањето на Садам Хусеин. Инаку, како што е веќе познато од вчера, земјотресот со сила од 6,3 според рихтеровата скала го уништи целосно стариот дел од историскиот град Бам.
XS
SM
MD
LG