Достапни линкови

logo-print

За да функционираат новите општини потребно е префрлање на даноците на локално ниво


За да можат општините да ги спроведуваат надлежностите освен приходите од даноците на имот, наследство и пренос на недвижности, од централно на локално ниво треба да се префрли и дел од даноците на стопанска дејност како ДДВ, персонален данок и данок на акцизи, сметаат експертите, но и од Заедницата на единиците на локалната самоуправа:

„Ако не дојде до извесно префрлање, повторно би се соочиле со анемична општина, бидејќи во овој период еден од најголемите проблеми беше финансирањето на локалната структура, значи тоа ќе продолжи да биде и понатаму. Бзз квалитетни извори на приходи, финансиската децентрализација би останала половична или нема да даде поботни резлтати. Повторно општините би се соочувале со големи проблеми во инфраструктурното процесирање.“

изјави Илија Тодоровски од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, експерт од областа на локалната самоуправа. Дека издвојувањето на дел од даноците на стопанска дејност за општините е неопдходно за да можат да одговорат на надлежностите се согласуваат и градоначалниците:

„Овој вид даноци треба да се предвидат во законот и тоа е нешто што само ќе помогне општините да ја извршуваат подобро работата која ја вршат. Така што, би требало да се направи напор, дел од другите давачки да одат во општините, а не во централната каса.“

„За општините успешно да ја вршат работата треба да располагаат со поголеми приходи, значи треба да се борат секој стопански субјект да биде на нивна територија, тоа е насекаде во светот така. Тоа е стимул за општината еконосмски да заживее и е постојан извор на финансирање, а како што сега се предлага тоа е квази - општина.“

изјавија првите луге на скопските општини Карпош и Центар Андреј Петров и Виолета Аларова
И од заедницата на единиците на локалната самоуправа сметаат оти средствата кои се определени за општините не се доволни.

„Средствата се многу мали, ако ги соберете сите, вкупната сума за сите општини изнесува 10 милиони евра. Сума која е сепак премала за да може да се подели на сите општини кои ќе егзистираат на територијата на Република Македонија.“

вели претседателот на ЗЕЛС, Горан Ангелов.

Во делот на фискалната децентрализација Тодоровски посочува дека е потребно воведување на таканаречени шеми за финансиско порамнување, бидејќи Македонија е земја со големи разлики мегу општините. Со ова, додава тој, ќе се прелеваат средства во корист на послабо развиените делови во земјава. Во предлог законот за финансирање на општините предвидено е да се извршува порамнување само мегу општините, а Тодоровски предлага промени во владиниот предлог:

„Би требало оваа финансиска шема да биде поголема и да ги зафати и развиените и неразвиените делови, бидејќи и во развиените делови има многу заостанати делови, значи градот Скопје е развиен, а селата на пет до осум километри се потполно неразвиени.“
XS
SM
MD
LG