Достапни линкови

Кабул: Експлозија во близина на претседателската палата и амбасадата на САД


Една бомба експлодира пред куќа користена од персонал на Обединетите Нации во близина на претседателската палата и американската амбасада во Кабул – главниот град на Авганистан. Тоа е трет инцидент по почетокот на седницата на авганистанскиот Уставен Совет Лоја Јирга посветена на донесувањето Устав на земјата како услов за одржување парламентарни избори. Според американските воени извори, талибанците и нивните сојузници се обидуваат да го попречат заседанието.
XS
SM
MD
LG