Достапни линкови

logo-print

Багдад: Серија ракетни напади


Серија ракетни напади беа извршени од ирачки напаѓачи изутрината во Багдад. Погоден е хотелот Иштар Шератон при што една ирачанка е повредена, а американската војска соопшти дека цел на нападите беше и една американска база во јужниот дел на градот. Вчера во бомбашки напади загинаа 6 цивили и 3 американски војници, а еден војник починал денеска. Во меѓувреме, како што јавуваат агенциите, продолжува воената операција Железен притисок против ирачките герилците.
XS
SM
MD
LG