Достапни линкови

Исполнување на ветувањето за вработување


Кога на 24-ти јуни годинава, дел од припадниците на единицата за брзи интервенции „Лавови“ го прекинаа двонеделниот штрајк со глад, тие обзнанија, направен е напредок во напорите за нашето вработување. Имено, тогаш тричасовните разговори на раководството на МВР и министерот Костов со претставниците на штрајкувачите резултираа со ветување за нивно вработување во полицијата, што беше и основната причина за штрајкот. Станува збор за 170 припадници на оваа единица. Оттогаш, до денес, вработени се само петмина поранешни „Лавови“ тогашни преговарачи:

„Останатите 165 припадници на единициата, останавме на улица, со нерешен статус и со семејства што немаат средства за елементарна егзистенција,“

вели Загица Павловска од координативното тело, поранешна припадничка на „Лавовите“.

МВР во меѓувреме распиша конкурс:

„Се примаат нови 335 полицајци, во кои според наши извори, за нас во оваа група нема место.“

Ова индиректно го потврдуваат и во МВР со податокот дека станува збор за конкурс за мултиетнички полициски кадети, во кој за Македонците се предвидени 30-тина работни места. „Лавовите“ тврдат дека иако по завршувањето на штрајкот им беше ветен приоритет при конкурирањето и вработувањето, сега тоа не се почитува:

„Даде ветување дека како луѓе кои стекнале искуства во сферата на безбедноста со задоволство ќе не примат во редовите на полицијата. Меѓутоа, се случи нешто сосема друго и слободно можеме да кажеме дека сме изиграни и излажани од силните ветувања на МВР кои тогаш ни беа дадени, а до ден денес не се реализирани.“

Оттаму тие порачуваат:

„Станува збор за координативното тело на бранителите од едниццата за брза интервенција „Лавови“ кои си ги бараат своите права за вработување како луѓе кои учествуваа во одбраната на својата земја за време на безбедносната криза. Бидејќи релевантните структури во МВР одбивата било каков контакт со нас, иако беше поинаку договорено, ни остана единствено да дадеме рок до 10-ти јануари 2004 година, на сите припадници на единицата за брза интервенција „Лавови“ да им се реши статусот како на вработени лица во МВР според структурата и организацијата нс министерството.“

По истекот на дадениот рок ние ќе преземеме следни чекори, велат „Лавовите“. За сега, не прецизираат за какви чекори станува збор.
XS
SM
MD
LG