Достапни линкови

Рафа: Убиени најмалку четворица Палестинци


Најмалку четворица Палестинци биле убиени при денешниот израелски упад во бегалскиот камп Рафа во Појасот Газа. Агенциите јавуваат дека дваесетина израелски тенкови влегле во кампот при што дошло до престрелка со палестинските милитанти. Израелската армија соопшти дека цел на акцијата била уништување на тунелите преку кои се шверцувало оружје од Египет. Претходно, израелската полиција уапсила седумина палестинци поради вчерашниот напад во Ерусалим врз шефот на египетската дипломатија Ахмед Махер.
XS
SM
MD
LG