Достапни линкови

logo-print

Приштина: Уапсен командант Џејми Шеј


Силите на КФОР на Косово соопштија дека командантот на поранешната ОНА во Македонија Џемаил Хисени им се предал и оти се наоѓал во притвор во американската база Бондстил кај Урошевац. КФОР наведува дека Хисени, познат како командант Џејми Шеј е задржан поради испитување и оти потоа ќе и биде предаден на полицијата на УНМИК. Македонското министерство за внатрешни работи, како што јавува Макфакс, било известено за апсењето на Хисени и оти се подготвува процедура за негово преземање. Хисени во отсуство е осуден од Основниот суд во Куманово на седум години затвор поради поставување бомби на пругата кај Ваксинце и во центарот на Куманово. Заедно со него беа осудени и Авни Ајети и Авди Јакупи, познат како Чакала, и уште шест поранешни припадници на ОНА.
XS
SM
MD
LG