Достапни линкови

Почнува судењето на осомничените за атентатот врз Ѓинѓиќ


Денеска во Белград почнува судењето на осомничените за атентатот врз српскиот премер Зоран Ѓинѓиќ. Дваесетина упасени лица ќе се појавот во судот, меѓу нив и заменик командантот на поранешните Црвени беретки Звездан Јовановиќ кој е обвинет дека со снајперски истрел го убил премиерот Џинџиќ. На петнаесетина луѓе, вклучувајќи го и шефот на Црвените беретки Милорад Луковиќ за кога се смета дека бил организатор на убиството, ќе им се суди во отсуство.

Главениот осомничен Звездан Јовановиќ по неговото апсење, изјави дека три дена чекал во една канцеларија спроти зградата на српската влада пред, на дванаесетти март годинава да го истрела фаталниот истрел врз Зоран Ѓинѓиќ. Тој и изјави на полицијата дека пред овој атентат имало уште четири неуспешни обиди да се убие српскиот премиер. Се смета дека овие напади ги планирал и организирал поранешниот командант на Црвените беретки Милорад Луковиќ, познат како Легија по кого полицијата и натаму трага. Тој, како што се смета, имал помош од белградското подземје. Двајца од шефовите на ова подземје беа убиени за време на полициската истрага. Како и да е, некои сметаат дека постојат важни недоследности во таа истрага. Меѓу нив е и главниот бодигард на српскиот премиер кој беше повреден во атентатот. Станува збор за Милан Веруовиќ кој вели дека не еден, туку двајца, стрелале врз Ѓинѓиќ и тоа од различни насоки. Српските власти ги отфрлија овие наводи како негова емоционална реакција. Добривое Радовановиќ кој е директор на Институтот за криминологија во Белград во врска со ова вели:

„Ако се докаже дека постоел и трет куршум или и втор убиец кој постоел, второ лице кој стрелал, тоа радикално ќе го смени курсот на судењето во смисла дека ќе постои сомневање за досегашната истрага или дали процесот е монтиран.“

Истрагата, исто така, не даде одговор на прашањето кој би можело да го нареди атентатот. Убиството на Џинџиќ предизвика интензивна криза во неговата влада. По завршувањето на истрагата, која беше проследена и со шест неделна вонредна состојба во Србија, се појавија и други можни мотиви, освен онаа на властите дека убиството било нарачано од приврзаниците на Слободан Милошевиќ. Постојат сомневања дека тоа било нарачено од Црвените беретки, плашејќи се дека Џинџиќ, кој претходно ги толерираше и дури ги употреби во апсењето на Милошевиќ, подготвувал судски процес против нив. Радованиќ смета дека демаскирањето на оние што го наредиле атентатот би можело да предизвика политичка криза во Србија.

„Тој факт е без сомневање од огромно значење затоа што открива дали станува збор за политичка или криминална заднина или за некоја трета за која ние не ни наслутуваме.“

Вели Радованиќ кој додава дека не смее судењето да се претвори во политичка фарса, бидејќи во таков случај најмогу би профитирал организираниот криминал.

„Фактот дека четириесет и седум лица се обвинети за едно убиство не претствува некаков особен показател за квалитетот на работата на правосудството и на полицијата, а притоа меѓу нив да ги нема нарачателите и организаторите. Ако имате четириесет и седум извршители и помагачи, но не и оние што го нарачале убиството, тогаш тука нешто не е во ред.“

Смета Добривое Радовановиќ, директор на Институтот за криминологија во Белград. Инаку, ова судење се очекува да трае неколку месеци.
XS
SM
MD
LG