Достапни линкови

Вашингтон: САД го зголемија нивото на борбена готовност


Соединетите Американски Држави го зголемија нивото на борбена готовност од „жолто“ ниво на „портокалово“. На прес-конференција во Вашингтон, министерот за внатрешна безбедност Том Риџ објави дека американското разузнавање добило информации дека „терористите подготвуваат нови напади како оние на 11 септември 2001 година“. „Стратешките индикатори, вклучувајќи ја и желбата на Ал Каеда да извршува напади врз нашата земја веројатно се на повисоко ниво, од кога и да било по 11 септември“, посочи Риџ. Нивото на борбена готовност е "жолто" од 30 мај.
XS
SM
MD
LG