Достапни линкови

logo-print

Либија: Либија ќе ги прекине сите програми за производство на нуклеарно, хемиско и биолошко оружје


Либија се согласи да ги прекине сите програми за производство на нуклеарно, хемиско и биолошко оружје, соопштија американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер. Либиското министрество за надворешни работи соопшти дека Либија сама решила да биде земја без забрането оружје. Либија, Соединетите Држави и Велика Британија за ова прашање воделе 9-месечни тајни преговори. Претседателот Буш оцени дека сега ќе бидат подобрени американско-либиските односи.
XS
SM
MD
LG