Достапни линкови

Од 70 повици дневно, 50 насто валидни


Институциите на државата се недостапни за граганите, а комуникацијата на вработените со нив речиси и непостои. Многу државни организации се обидуваат преку различни семинари и обуки, да ги едуцираат, вработените, за да го корегираат односот кон своите клиенти посебно во делот на корупцијата и митото, проблем на кој најчесто се жалат граганите.

Во таа насока, неодамна Царинската Управа, институција која многу често, од надлежните, е споменувана како една од најкорумпираните, на граганите им понуди дежурна телефонска линија, која е постојано отворена за нив, а преку неа анонимно тие ке може да ги пријавуваат случаите на шверц, корупција и мито.

„Сите граѓани извозници, увозници може да се јават и да пријават, шверц на дрога, оружје, сива економија, како и појава на мито и корупција во самата Царина. Првите резултати се повеќе од охрабрувачки, бидејќи дневно во просек имаме 70 повици, од коишто 50 - 60 насто се валидни.“

Ги пренесува првите ефекти од функционирањето на телефонската линија, Златко Ветеровски од Царинската Управа. Регистриран е и првиот случај на недозволена трговија:

„Конкретно имавме повик кога имало обид за шверц во автобус којшто доаѓал од Бугарија, имало стока сместена во бункери во автобусот, класичен обид за шверц и имаат интервенирано специјалните екипи.“

А, за тоа колку корупцијата, е длабоко навлезена во „општествените пори“ говори, револтот на граѓаните. Конкретно, телефонската линија која ја отвори Царинската Управа, за нив е прифатлива, но потенцираат, има многу други институции, на чие работење тие би се пожалиле, но немаат каде.

„Треба и другите институции да го сторат тоа. Телефоните ништо нема да направат, а државата е страшно корумпирана.“

„Треба да се користи, имаме право да се јавиме, да биде присутно во секое министерство и да можеме да се јавуваме.“
XS
SM
MD
LG