Достапни линкови

Средба на роднините на исчезнатите со Трајковски, Црвенковски и Ахмети


Кога се говори за случајот на киднапираните и исезнатите луѓе во воениот кофликт во македонија се говори всушност за дваесет цивили. 13 Македонци од кои 12 се од тетовско и еден од матејче , 6 мина Албанци и еден бугарски државјанин. Инцидентите во кои тие биле киднапирани или насилно одведени датираат од летото две илјади и прва иако првиот случај е регистриран на 17 април Најголем дел од Македонците се киднапирани од 23-ти до 26-ти јули во населбата Дреновец и селата Непроштено, Доброште и Теарце.

Киднапирани се Нестор Петровски од село матејче кумановско, Андреј Ристовски, Цветко и Васко Михајловски, Димитрије Димовски Крсто Гоговски, Симеон Јакимовски, Бобан Јефтимовски, Ѓоко Синадиновски, Илко и Васко Трајчевски Славко димитриевски сите од тетовскиот крај.

Во извештајот на Меѓународната комисија востановена за утврдување на судбината на исчезнатите објавен двеилјади и втората официјално стои дека 8 од киднапирани Македонци биле одведени од униформирани лица на ОНА, другите пријавени за киднапирани се движеле во области каде што најверојатно наишле на единици на ОНА.

За исчезнатите Албанци комисијата и официјално известува дека еден бил земен и испрашуван од македонската полиција пред неговото исчезнување. Други двајца исчезнале во поврзаност со некакви
пунктови управувани од лица во полициси униформи, а за другите албански случаи комисијата не била во можност да собере некакви цврсти информации за околностите на нивното исчезнување иако нивните семејства тврдат дека имаат и докази и сведоци оти Ислам ибрахим зекирија и Ружди Велиу, Султан мемети и Хајредин Халими биле одведени од полицијата.

Семејствата на киднапираните македоноци од тетовско во двете и пол години колку што бараат одговор за тоа што се случило својот притисок го манифестираа и со завземањето на просторија во макеоднското собрание што траеше повеќе месеци но без резултат. Имаше протести, блокади на автопатот Тетово Скопје. Со доаѓањето на новата влада случајот остана на листата на приоритетните. Според министерот Костов од архивите се исчезнати сите податоци за случајот. Во МВР е отворен дежурен телефон, а фондот за информациите што Ќе помогнат во расветлувањето на случајот е 1 000 000 евра. До 15-ти сепетмви на дежурниот телефон се добиени 39 јавувања.
XS
SM
MD
LG