Достапни линкови

Вашингтон: САД предупредуваат на терористички напади во Саудиска Арабија


Американските дипломати чиј престој во Саудиска Арабија не е неопходен, како и семејствата на сите американски преставници, треба да ја напуштат оваа земја, соопшти синоќа американскиот Стејт Департмент, со што ги зајакна досегашните мерки на предупредување за опасност од терористички напади во Саудиска Арабија. Американските државјани, кои веќе се наоѓаат во земјата приватно, би требало да размислат да ја напуштат, а оние кои имаат немара да патуваат, Стејт Департментот им порачува да го одложат патувањето.
XS
SM
MD
LG