Достапни линкови

logo-print

Скопје: Потпишан договор за соработка во областа на внатрешните работи меѓу Македонија и Франција


Владите на Република Македонија и на Франција денеска во Скопје го потпишаа договор за соработка во областа на внатрешните работи. Со договорот што го парафираа ресорниот министер Хари Костов и францускиот амбасадор Вероника Баре, двете страни се обврзуваат на техничка и оперативна соработка и давање помош во областа на внатрешната безбедност, како и на соработка во борбата против различните форми на меѓународниот криминал.
XS
SM
MD
LG