Достапни линкови

Маратонски седници на парламентот или монолог на опозицијата


Колку политичките партии во Македонија се моќни да ги решат проблемите во државата. Ова е пршање што се наметнува повторно преку последниот пример на повеќе неделната расправа во македонскиот парламент за законот за основање државен универитет во Тетово што се сведува на реторичка дебата меѓу власта и опозицијата за против таквото решение.

„Она што се случува е всушност можност да се види колку во Македонија политиката е неефикасна, колку политиката е средство со кое н може да се добие никакво решение, ниту пак може да се остварат некои цели коишто ќе бидат во интерес на граѓаните на Република Македонија,“

вели доцент Тања Каракамишева од Правниот Факултет во Скопје.

Во коментар на амбиентот во државата во кој се прават обиди за затворање на прашањето на досега илегалниот универзитет во Мала Речица, профсор доктор Емилија Симовска поранешн минситер забележува:

„Некако обратно се постави работата. Оние од образованието се концентрираат за тоа дали има средства, кого ќе го погоди тоа, а тоа е политичко прашање, прашање на владата. Друга работа е квалитетот на образованието, тука очекував универзитетските луѓе да се вклучат, значи ќе има ли доволно кадри кои ќе може да изведуваат настава на албански јазик, ќе има ли простор, ќе има ли технички решенија итн.“

Според професор Симовска освен немањето јасни одговори за образовните прашања што ги отвора универзитетот неизвесно од друга страна останува дали во неговата политичка димнзија ке биде затворено прашањето на високото образование на Албнците:

„Во рамки на албанската заедница во Македонија јавно велат дека на ваков начин како што тоа се прави, нема да се затвори прашањето Мала Речица. Јас се плашам, да бидам искрена, дека можеби, како што тоа го чувме од собраниската говорница, и по отворањето на овие факултет повторно ќе се јави некој и нема да каже дека тоа не беше тоа што го сакавме и сакаме ретроактивна легализација не сето она што е досега правено, што е не е можно во ниту еден правен поредок, па ниту кај нас.“

Од 1990 година кога почна да работи пара универзитетот во Тетово, до сега се издадени над 10000 дипломи кои се признаени само во Албанија. Професор Симовска се согласува дека прашањето на високото образование на Албанците во Македонија претставува провблем што треба да биде решен, но потсетува дека неговиот третман како политички чин не води кон решение.
XS
SM
MD
LG