Достапни линкови

logo-print

Скопје: Честитка од Трајковски до Буш за апсењето на Хусеин


Претседателот на Македонија Борис Трајковски му испрати писмо на американскиот претседател Џорџ Буш во кое му честита на апсењето на бившиот ирачки лидер Садам Хусеин. Апсењето на човекот кој му нанесе страдање на сопствениот народ и регионот, а беше закана и за човештвото е значителен придонес за обновата на Ирак, се вели во писмото. Трајковски наведува и дека Македонија започна заедно и ке остане со Соединетите Држави до исполнувањето на целите.
XS
SM
MD
LG